„ЈАС АКО СЕГА СЕ ЧУВСТВУВАМ МАКЕДОНЕЦ, ОД УТРЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОЧУВСТВУВАМ АЛБАНЕЦ И ДА ПОБАРАМ ПРОМЕНА НА НАЦИОНАЛНОСТА“: Милевски со реакции за изводите
Македонскиот иселеник, Роберт Милески со реакции за најавата за етнички изводи.
„Против злоупотребите со балансерот, етничка припадност во изводите
Министерот за правда Кренар Лога денеска ќе потпише ново упатство за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои ќе се најде и етничката припадност.
На овој начин Министерството за правда сака да стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.
„Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи“, рече Лога.
---
Ова е чиста лудост! Јас ако сега се чувствувам Македонец, од утре може да се почувствувам Албанец и да побарам промена на националноста. А ако имам интерес за вработување, без мислење земам членска од ДУИ и се пишувам Албанец, бидејќи партиите и националната припадност кај нас се секако на продажба преку партиски тезги, оти и самите партии се бироа за вработување.
Едно е државјанство, друго е националност. Дури имам право да се откажам и да променам државјанство. Така да, ова објаснување од овој ликов Лога е како што напоменав - чиста глупост.“, напиша тој на Фејсбук.
Слично
