Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јапонец ограбен во Охрид

Јапонец ограбен во Охрид

Јапонец бил ограбен додека спиел во хосте во Охрид од страна на српски државјанин од Прешево.

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.А. (39), откако бил фатен а украдените предмети му бие вратени на оштетениот.

На 27 јуни во Охрид на улицата „Македонски Просветители” во хостел, пријавениот, во соба во која престојувал заедно со Т.Т. (37) од Јапонија, од него одзел мобилен телефон, лап топ, часовник и Ајпод по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.

По преземени мерки, на 1 јули 2018 година во Скопје, пријавениот бил лишен од слобода. Притоа кај него биле пронајдени дел од предметите, кои потоа биле вратени на оштетениот.


Слично

Поврзани вести