Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанушев:Во чие име Груби ќе дава идеи за идентитетот во преговорите

Јанушев:Во чие име Груби ќе дава идеи за идентитетот во преговорите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека пратеникот од ДУИ Артан Груби со неговите изјави нанесува огромна штета на македонските интереси и самиот процес на преговори со тоа што тврди дека покрај формата на името кое е предмет на договор со Грција ќе влегле и идентитетските прашања. Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција истакна дека ваквиот начин на јавно изнесени предлози од Груби серуиозно нанесува голема штета на македонскиот народ и Република Македонија.

„СДСМ и ДУИ како да се натпреваруваат кој ќе направи поголема отстапка без да се направи проценка за последиците  врз највисоките национaлни интереси.

Пратеникот Артан Груби се пофали дека  формата на новото име била договорена. Истиот јавно кажа дека на медијаторот ќе му понудел дополнителни идеи кои ги добил, ни помалку, ни повеќе, туку од грчки авторитети. Да не беше трагично ќе беше смешно македонски претставник да нуди идеи добиени од грчки авторитети.

Најзагрижувачки е самиот факт што Груби откри дека не бил најголем проблем само формата на името, туку другиот дел од договорот кој се однесувал на идентитетот, јазикот, националноста, употребата и преводот“.

Јанушев прашува дали Груби има повеќе информации за процесот кој се води или станува збор за еднострани изјави.

„Кој лаже? Заев и министерот за надворешни работи Димитров кога велат дека за идентитетот не се преговара или Артан Груби и ДУИ кога велат дека се договара решение за идентитетот, јазикот и националноста?

Кого претставува Артан Груби кога му изнесува идеи на Нимиц? Дали зад овие идеи стои Зоран Заев и СДСМ.

Сведоци сме на срамно пазарење со највисоките државни интереси. Македонија и македонскиот народ не заслужиле ваков однос од Зоран Заев и владеачката гарнитура.

Доколку наводите на Груби не се точни и не се преговара за идентитетот, јазикот и националноста, Владата мора веднаш да се огради и да ги отфрли неговите предлог идеи.

Доколку тој настапува волунтаристички, Зоран Заев мора да преземе соодветни мерки  во однос на однесувањето.

 Граѓаните се вознемирени и очекуваат владата да ги штити националните интереси“ потенцира Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести