Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанушев: ВМРО ДПМНЕ влегува во трка за составување нова влада

Јанушев: ВМРО ДПМНЕ влегува во трка за составување нова влада

Игор Јанушев генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пред новинарите пред малку и прогласи победа во Аеродром, Гази баба Кисела вода, Пехчево, Велес, Градско, Илинден, Петровец. Рече дека донтовиот модел ја прави трката неизвесна и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ влегува во трката за составување нова влада.

„Народот покажа дека сака обнова. Опозицијата има повеќе гласови, сепак ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за составување нова влада. Ќе почекаме до утрината за резултати. Да почекаме и финално како ќе бидат поделени мандатите. Трката е тесна, речиси изедначена, рече Јанушев.

Нема информација дали ќе се обрати Христијан Мицкоски, лидерот на партијата, но според наши извори тоа нема да се случи вечерва. 

Слично

Поврзани вести