Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанушев: Талат или било кој, ми ги спомене ли уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши

Јанушев: Талат или било кој, ми ги спомене ли уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши

Талат или било кој, ми ги спомене ли уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши. И ова не е закана, ова е ветување, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. 

„Навистина ми е жал што спикерот Џафери не е тука, а уште повеќе ми е жал што не најде доблест и храброст да се извини за вчерашните закани кон мене односно моите малолетни деца. Ќе му се обратам на Талат за две работи: ако се сомнева дека било кој во Собраниево користи дрога – слободно заклучете ги вратите, повикајте служби, повикајте и цела Влада, но донесете и дрегери, па да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите. А доколку, со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања – тогаш не надвор, еве нека одбере во било која телевизија да го вкрстиме знаењето за правната проблематика. Ако мислеше за друга пресметка – нема проблем и за таква, но не надвор и не без камери туку со камери. За да не биде не видов, повеќе беа, помалку беа. Не бегаме од тоа”, кажа Јанушев.

Во Собранието денеска имаше конфронтации меѓу власта и опозицијата. 

Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, на денешната седница за пратенички прашања посочи дека со вчерашниот говор претседателот на Собранието, Талат Џафери, покажал голем кукавичлук.

Слично

Поврзани вести