Јанушев согласен со Мицкоски: Со двотретинско мнозинство го враќаме старото име
Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, го потврди ставот на партискиот лидер Христијан Мицкоски дека со евентуална промена на власта и обезбедено двотретинско мнозинство ќе дојде до враќање на старото уставно име.
Според функционерот на најголемата опозициска партија, тоа е став кој партијата во повеќе наврати го пласирала во јавноста и дека има намера тоа и да го оствари доколку обезбеди 80 пратеници.
- Тоа не е став само на Мицкоски. Тоа е став на целата партија. И во повеќе наврати сме го кажале тоа. Ние не ги менуваме ставовите како СДСМ - рече Јанушев на денешната прес-конференција, одговарајчи на новинарско прашање.
Јанушев додава дека ВМРО-ДПМНЕ пстанува на својата стратешка про-НАТО ориентација за што како што рече потврда е и фактот дека дале поддршка на сите системски закони во таа насока.
