Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанушев: Скопјани ја поразија власта

Јанушев: Скопјани ја поразија власта

„Скопјани ја поразија власта, Скопјани ги поразија Заев и Пендаровски заедно. Огромна победа имавме и во  Гази Баба каде разликата е 6.500 гласа во корист на Сиљановска. Во Кисела Вода Сиљановска води пред Пендаровски со разлика од над 4.000 гласа или разлика од над 30%. Победа имаме и во Аеродром, каде разликата е повеќе од 2.000 гласа“ - ова денеска на прес конференцијата го истакна генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Игор Јанушев ги наброја местата каде што победила неговата партија на чело со кандидатката Гордана Силјановска Давкова притоа посочувајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ е политичката сила со најголема доверба меѓу граѓаните и дека политиките на власта доживуваат пораз“.

„Победивме и во Бутел, со 1.400 гласа разлика. ВМРО-ДПМНЕ има победа и во Ѓорче Петров со над 2.000 гласа разлика или над 30%.

Имаме тесен резултат и во Шуто Оризари каде претходно на минатите избори имавме голема разлика во корист на власта. Исто така намалена е разликата и во Центар и Карпош“ - посочи Јанушев.

Тој меѓудругото посочи дека СДСМ како политичка партија драматично ја губи поддршката кај граѓаните а кажа и дека ВМРО ДПМНЕ цврсто веруваат во победа во вториот круг на изборите и ги повика граѓаните да ги поддржат.

Слично

Поврзани вести