Апсурдно барање: Полицијата да не го опседнува седиштето, туку да влезе да го побара Груевски
Додака трае потрагата на мобилната полициска единица „алфи“ по засега недостапниот поранешен премиер Никола Груевски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јануше, ги повика премиерот ЗОран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да не го држат партиското седиште „под опсада“, туку да проверат внатре дали е таму бараниот со распишана потерница.
- Претресуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ. Седиштето е под опсада. Никогаш опозициска партија немала ваков третман. Овој притисок е удар врз опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ е жртва на неспособноста на Заев. Политичкиот прогон нема да престане, но се лажат ако мислат дека ќе се откажеме. Доколку полицијата се сомнева, може слободно да дојде да провери - рече Јанушев на брифингот со новинарите пред палатата „Христо Татарчев“.
Додаде дека Заев и Спасовски немаат храброст да се дрзнат и да ја пуштат полицијата да упадне во седиштето.
- Не знам каде е Груевски, осум месеци не сум контактирал со него. Од петокот нема никакви индиции дека е виден. Полицијата побаран од мене во катната гаража „Тодор Александров“ да го отворам гепекот од автомобилот за да проверат дали е таму - одговараше функционерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарски прашања
