Јанушев: Она што Заев го прави е насилие врз македонскиот народ
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вечерва на прес-конференција го обвини премиерот Зоран Заев за насилие врз македонскиот народ.
Тој ги повика ОЈО да преземат мерки, затоа што се вршат притисоци врз пратениците. Тој се заблагодари на пратениците кои вели се на страната на народот.
„Вие сте последната брана пред оваа налудничава Влада. Ќе опстоиме и ќе победиме“ - вели Јанушев.
Рече дека милиони евра се нудени на пратеници за да гласаат.
На Заев му порача дека нивната љубов кон Македонија е поголема од било што друго.
Слично
