Јанушев од изборниот штаб: ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата
Власта е детронизирана. Народот бара стандард и благосостојба. Падот на Зоран Заев е започнат, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, гласеа првичните коментари на Игор Јанушев, шефот на изборниот штаб на Гордана Силјановска Давкова.
„Власта не беше на висината на задаќчата во вториот круг/ Овие нерегуларности не се ништо друго отколку сеење паника и страв. Има организирано и семејно гласање и индиции за поткуп и злоупотреба на полицијата. Во Тризла се собираа гласачи од нивните домови. Ново Село беше под полициска опсада, додека во Битола беше најтешкото подземје испратено. Но има и голем број на општини каде што ние победуваме убедливо - рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
