Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанушев: Нема да бидеме алиби, референдумското прашање е двосмислено

Јанушев: Нема да бидеме алиби, референдумското прашање е двосмислено

Власта прави две крупни повреди со обидот да го распише референдумот денеска, рече пред малку на прес конференција пред Собранието, Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Едната, вели Јанушев е тоа што нема консензус за прашањето, другата што самото прашање е двосмислено што е незаконски.

„Станува збор за брутално газење на воспоставената практика, одлуката да биде донесена со заеднички консензус. ВМРО-ДПМНЕ не ја прифати улогата да биде алиби и декор. Ние дебатиравме дека прашањето мора да биде еднозначно. Ова е самоволие, непочитување на волја на граѓаните, силен удар за демократијата. Другата е законска повреда, затоа што согласно законот, прашањето мора да биде прецизно формулирано и недвосмилено. Прашања кои се поврзуваат со други теми не се дозволени, рече Јанушев.

Тој рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата попладне. 

Слично

Поврзани вести