Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанушев: Апасиев добил плико со пари од Заев

Јанушев: Апасиев добил плико со пари од Заев

Игор Јанушев, поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, го обвини лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев дека добил плико со пари од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
- Се јави дежурното "кутре" на Заев. Само и сега не одговори дали и колку е дебело пликото кое го зема од Струмица за да го руши рушењето на Зоран Заев преку неединство во опозицијата.

Добро е да се види како (демек само во негов уникатен стил) ги “вреѓа” медиумите кои не го "мазат" Заев, а во исто време се “лиже” и “коленичејќи” моли да гостува кај нив. Нема полошо ... НЕМА ... од лажни ликови, FB патриоти, квази политичари, лигуши ...

Туку да прашам, како пликцето, стигна ли на време? Тешко на таа партија каде Заев е финансиер, а FB патриот глуми месија.

П.С. - мислам дека кафето претече, сега останува само да се нагостиш со струмичкото пликце, верувам дека според енергијата што ја вложуваш е прилично дебело!, напиша Јанушев на Фејсбук.

Тој и Апасиев во моментов се пратеници во Собранието. Според Јанушев, Апасиев има задача да ја расцепкува опозицијата во борбата против власта.
Една од поентите од последната анкета што беше објавена на Телма е дека кон „Левица“ се придружуваат повеќе поранешни симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, отколку на СДСМ.

Слично

Поврзани вести