Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша му потврдил на Мицкоски дека не постои нон пејпер кој ги „чепка“ границите на Балканот

Јанша му потврдил на Мицкоски дека не постои нон пејпер кој ги „чепка“ границите на Балканот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека се слушнал со словенечкиот премиер Јанес Јанша и дека тој му рекол дека не доставил никаков нон пејпер. 

„Нема такво нешто, се слушнав со премиерот на Словенија, Јанша. Мислам дека Фајон-Ѓилас и Заев со вакви написи сакаа нешто друго да постигнат“, објасни Мицкоски.

Европската Унија ниту го потврдува, ниту демантира или коментира наводниот нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанес Јанша. 

Според наводниот нон пејпер се планира поделба на Босна и Херцеговина и создавање голема Србија и голема Албанија. Оваа тема ја засега и Македонија. Јанша демантираше дека постои таков документ, но од Европскиот Совет не стигна таков демант, иако не стигна ниту потврда. 

Словенечките европратенички Тања Фајон и Ирена Јовева изјавија дека овој став на Јанша е неприфатлив.

Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар вчера ги негираше тврдењата за наводен нон-пејпер, кој, според некои медиуми во Словенија и БиХ, премиерот Јанез Јанша го доставил до Европската комисија. 

Тој вели дека се работи за манипулација и обид за компромитирање на владата и претседателот. Кажа дека единствениот документ за кој можат да се однесуваат тие шпекулации е оној што го поднела Хрватска. За него како за неофицијален документ се дискутирало во Брисел минатиот месец, а се приклучија и Словенија, Унгарија, Бугарија и Грција. 

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ изјави дека идеите кои се наведени во нон-пејперот, кој во Брисел го испрати словенечкиот премиер Јанез Јанша, не се нови, туку постоеја и пред почетокот на војната во БиХ, истакнувајќи дека тие би го означиле исчезнувањето на Босна и Херцеговина.

Слично

Поврзани вести