Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанша кажа дали вратата на ЕУ може наскоро да се отвори за Македонија и Албанија

Јанша кажа дали вратата на ЕУ може наскоро да се отвори за Македонија и Албанија

Постои дилема во Европа дали проширувањето е од стратешка важност или не, вели словенечкиот премиер Јанез Јанша. 

Претседавачот со Европскиот Совет, Јанез Јанша и пред Европскиот Парламент повтори дека проширувањето на Западен Балкан е меѓу приоритетите на Љубљана. 

„ЕУ прави големи чекори напред кога се фокусира на нештата. Ако проширувањето стане шеста тема на дневен ред никогаш нема да стигнеме до темата. Ако ја кренеме темата ќе можеме да направиме конкретни чекори напред, Македонија и Албанија да можат да одат напред на следниот самит во октомври ако се концентрираме сите на тоа, Европската Комисија помага, но тоа е политичка одлука“, вели тој. 

Македонија не ги почна преговорите и се уште е во чекалната на ЕУ. Треба да се надминат разликите со источниот сосед за да може земјава да продолжи по европскиот пат. Во Македонија, партиите преку Резолуција ќе ги утврдат црвените линии. 

Албанскиот премиер Еди Рама жестоко ја нападна ЕУ. Рама на Самитот за Западен Балкан во Берлин, не штедеше критики кон ЕУ и рече дека иако самата ЕУ зборува за гаснење на национализмите на Балканот, всушност тоа ги покажува нивните национализми што го попречуваат процесот на интеграција за Албанија и земјите од Западен Балкан.

Слично

Поврзани вести