Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкуловски ќе се бори за повисоки плати на универзитетските професори

Јанкуловски ќе се бори за повисоки плати на универзитетските професори

Би се борел за еден редовен професор платата да биде повисока за три до три и пол пати, вели кандидатот за ректор на УКИМ, Никола Јанкуловски во интервју за Тв 24. 

Како пример ги спомена Косово и Србија, каде платите се повисоки. 

Вели дека оние професори кои заминуваат во пензија, по автоматизам треба да бидат заменети со нови вработувања. 

Но, рече дека за жал вработувањата се инцидентни. 

„Мислам дека тука ќе направиме максимум за да дојдеме до тие вработувања“, вели Јанкуловски. 

Рече дека завршницата со вработувањата ја немаат, односно немаат големо влијание на вработувањата. 

Вели дека преку вмрежување со странски универзитети, ќе користат средства за пишување на научни трудови. 

Смета дека државата треба да одвојува повеќе пари за научните трудови. 

Слично

Поврзани вести