Јанкулоска за бегството: За мене ова е големо изненадување и разочарување
Eкс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска во интервју за 24 ТВ изјави дека најостро го осудува бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски.
Вели дека за неа ова е големо разочарување. За неа ова е неочекувано.
„Еден ден вистината е излезе на виделина“, рече таа.
Вели дека последен пат го видела кон средината на минатата недела.
„Никогаш не сме разговарале на оваа тема, но за мене ова е изненадување и побудува најостра осуда“, вели таа.
За себе кажа дека нуди аргументи пред судот и се надева дека на ист начин гледаат институциите, односно однесувањето ќе го гледаат поединечно.
„Не смееме да дозволиме институциите да се однесуваат одмазднички“, смета Јанкулоска.
За нејзиниот разговор од „бомбите“ каде вели дека сите ќе завршат во затвор, рече дека за овие разговори автентичноста не е потврдена. Таа вели дека како функционер секогаш размислувала дали ќе ги испочитува законите.
