Според адвокатката Сања Алексиќ, Јанкулоска сѐ уште се наоѓа во болницата Ремедика каде што неодамна се породи.
Одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и на Јанкулоска, побараа од судот поради заштита на приватноста кога ќе се пуштат бомбите за овој случај во судница, јавноста да биде исклучена. За ова барање судот треба да донесе дополнителна одлука.
За судскиот процес „Титаник“ судијата Шабани определи дополнителни два термини за судење за 17 и 20 август.
