Јанкулоска проверувала дали сопругата на Црвенковски има имот на Корчула
Во Кривичниот суд попладнево продoлжи преслушувањето на „бомбите“ во предметот „Титаник“, а во една од нив можеше да се слушне како Мартин Протуѓер, ѝ наложува на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за време на изборната кампања за изборите во 2011 година, да ги искористи своите врски за да провери дали сопругата на тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски има куќа на хрватскиот остров Корчула.
„Ова може да направи пресврт во кампањата, и види побрзо, зошто ме чекаат од Дневник да им кажам“- вели Протугер во разговор со Јанкулоска.
Јанкулоска потоа му кажува дека се јавила во Србија, по што ѝ било потврдено дека таму живее семејство со исто презиме, а потоа и се потврдило дека се роднини.
Потоа на Иво Котевски му вели да ѝ нарача на Антикорупциска да отвори предмет за овој случај.
Преслушувањето на необјавените „бомби“ продолжува во судницата на Основниот суд.
