Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска побара ново судење за „Тенк“

Јанкулоска побара ново судење за „Тенк“

Гордана Јанкулоска побара повторно судење за случајот „Тенк“ пред Апелациониот суд, откако поранешната министерка за внатрешни работи доби шесгодишна затворска казна на првостепената одлука.

Побара судиите од второстепениот суд внимателно да ја разгледаат нејзината жалба за пресудата од шест години затвор во „Тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес и да го вратат предметот на повторно одлучување.

Апелација може да ја потврди одлуката на Кривичен од шест години затвор, може да ѝ ја намали казната или да го врати предметот на повторно одлучување.

–Обвинението произлезе од кривично-правен настан кој се стави во функција на политичка кампања за промена на функционери меѓу кои и јас, како и за смена на Владата. Во жалбата пренесов неколку примери, случаи, неколку Европски судски пресуди, но во интерес на времето нема да ги читам сега, а Вие ги имате пред Вас и имате можност да ги разгледате, рече таа.

На крајот од презентација на жалбата, Јанкулоска потенцираше дека во целост останува на се што е напишано во жалбата и зад сите суштествени законски повреди кои се направени во оваа судска постапка.


Слично

Поврзани вести