Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска на секои три часа мора да оди кај бебето

Јанкулоска на секои три часа мора да оди кај бебето

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по породувањето денес повторно седна на обвинителна клупа за набавката на луксузниот мерцедес.со барање дека на секои 3 часа ќе треба да појде до дома на пауза, кое беше прифатено од судијката Добрила Кацарска.

На денешното прво рочиште во одвоената постапка Јанкулоска пред судот рече дека постојат измени во нејзините податоци и дека сега е мајка на малолетно дете. На ова судијката Добрила Кацарска која го води овој предмет му посака добро здравје на бебето на екс министерката за внатрешни работи.

„Нека ви е здраво и живо детето“, ѝ рече судијката Кацарска на обвинетата.

На стартот на денешното рочиште беше побарано одложување на оваа постапка сѐ додека Апелацискиот суд не донесе одлука по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за истиот овој предмет.за кој беше осуден на казна затвор од две години.

Судијката Кацарска го одби предлогот за одложување со образложение дека таа на време обезбедила копии од сите докази.



Слично

Поврзани вести