ЈАНКУЛОСКА МУ СЕ ЖАЛИ НА СТАВРЕСКИ: Немаме бензин, по 20 литри им даваме на станица
Eкс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и вицепремиерот, Зоран Ставрески, во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, зборуваат дека полициската станица во Струмица нема бензин. Но, тоа не било излоиран случај и го има низ цела Македонија.
„Немаме бензин. Точно е. Се’ што имавме потрошивме. По 20 литри им даваме на станица. Таа е состојбата и не е само во Струмица. Одат со приватни коли да прават увид. Кога има убиство со приватни коли одат на увид”- вели таа.
Јанкулоска на Ставрески му објаснува дека ситуацијата е најлоша во Скопје, дека немаат пари за бензин и едвај обезбедиле за денот на изборите. На ова Ставрески ѝ одговара со реченицата „Е па да сме живи и здрави.”
Во Кривичниот суд продолжува пуштањето на необјавените бомби во предметот на СЈО, „Титаник”.
