Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанкулоска ќе мора да оди да се прегледа во ГАК

Јанкулоска ќе мора да оди да се прегледа во ГАК

Судијата Добрила Кацарска издала налог за дополнителен здравствен преглед на поранешната министерка за внатрешни работи,  Горадана Јанкулоска, која е во деветтиот месец од бременоста, и не се појави на судењето.

До Клиниката за Гинекологија од скопска единица пристигнало писмото за да се изврши дополнителен преглед за здравствената состојба на екс- министерката за внатрешни Јанкулоска, обвинета во случајот „Тенк“, потврдија од клиниката. Формирана е стручна комисија. Најверојатно прегледот ќе биде извршен денеска.

На последното рочиште, судијата Добрила Кацарска даде налог за дополнителен здравствен преглед на Јанкулоска, која е во деветтиот месец од бременоста, и не се појави на судењето.

Преку адвокатите достави известување за породилно отсуство и медицинска документација. Со отворено писмо реагираше на ваквата одлука на Судскиот совет.


Слично

Поврзани вести