Јанкулоска до СДСМ: Изгледа предметите се суделе во вашиот штаб
Eкс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, остро реагираше на партиската изјава на СДСМ, во која ја обвинија дека се обидува да се претстави како жртва и ја поврзаа нејзината жалба до Европскиот суд за човекови права со „потсвесна врска со процесите против нацистите“.
Јанкуловска возврати дека не гледа зошто СДСМ би се чувствувале засегнати од нејзината апликација пред ЕСЧП, освен ако, како што напиша, „предметите навистина не се суделе кај нив во штаб“.

Во реакцијата на СДСМ стои дека одлуката на Стразбур да ја прифати апликацијата е само формален чекор и не значи никаква оценка за суштината на случајот. Од партијата посочуваат дека судот во оваа фаза ги проверува само процесните услови – исцрпени правни лекови, навремена поднесена жалба, статус на жртва и компатибилност со Конвенцијата.
Таа беше осудена во 2018 година на четири години затвор за набавката на блиндираниот „мерцедес“ од 600.000 евра.
