Јанкулоска: Да се организира бегство воопшто не е едноставна операција
Eкс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска во интервју за 24 ТВ изјави дека да се организира бегство воопшто не е едноставна операција.
Таа нема сознанија дали некој од партијата му помогнал, и вели дека на таа тема нема што да сподели.
„Не сметам дека бегството во било кој случај може да биде решение“, рече таа.
Според неа, ова е хистерична политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека каква и да биде пресудата за неа, ако не овде, ќе стигне правдата од некој друг суд. Не ги коментира случувањата во партијата, и вели дека многу ретко е во партијата затоа што е на породилно отсуство. Смета дека со единство, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја победи оваа Влада која лошо работи, а за Сашо Мијалков вели дека нема лоши односи со него.
За екс министерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски вели дека помогнала додека бил во Хаг, онолку колку што можеле.
