ЈАНКО ИЛКОВСКИ ПОТРЕСЕН ОД СВЕДОШТВО НА ГЛЕДАЧ ВО ЕМИСИЈА - како му починала сопругата во болница и и го украле накитот
Потресно сведоштво имаше вчера на емисијата Јади Бурек, од која бил вознемирен и самиот нејзин водител Јанко Илковски.
Од тоа сведоштво се гледа во каква состојба е македонското здравство. Гледач раскажа низ што поминал со неговата сопруга и како таа починала.
„Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе“, рече човекот во емисијата.
Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но требало да лежи со пациент позитивен на Ковид 19, по што била пуштена дома.
Во домашни услови и се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.
Но за жал, кратко потоа таа починала а притоа и бил украден златниот накит и мобилниот телефон.
Водителот Јанко Илковски на Фејсбук напиша дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на сопругот.
„Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачеше додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и објавам да биде сведоштво што преживувал народов. Не можам да споделам како се чувствував, најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен“, пишува Јанко.