Јани Макрадули со коментар за Борко Ристовски
Иако важи за страстен љубител на спортот, Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина, упати неочекуван коментар на адреса на голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, од кого тој и скопскиот градоначалник добија жестока критика на Фејсбук за загадувањето на главниот град.
- Не го познавам човекот и немам коментар за непознати. – порача Макрадули за „Фокус“.
За фотографијата од собраниската расправа за мерките против загадување вели дека е монтирана и аргументираше дека во моментот читал, а не задремувал.
– Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен. Но, тоа мене нема да ме поколеба во борбата за чист воздух и реализирањето на планот за чист воздух. Очигледно на некој му смета и тоа што се договоривме со опозицијата заклучоците да ги градиме заедно. Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал. – изјави Макрадули.
