Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јаневски: За посета на Кокино се наплаќа со парагон, а не се нудат никакви услови

Јаневски: За посета на Кокино се наплаќа со парагон, а не се нудат никакви услови

Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, го искритикува начинот на кој се третираат посетителите на опсерваторијата Кокино и смета дека институциите под кои е Кокино треба да преземат мерки.

За МИА тој вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети. Една од нив е и опсерваторијата Кокино, каде, Јаневски вели дека влезницата се наплаќа без да се издава фискална сметка.

- Во Кокино се наплаќа влез буквално под круша, на парагон блок. Фискална белешка нема.Со влезот не добивате ништо, одите по каллив и прашлив пат, без туристички водич. Не добивате ниту некакви дополнителни инфорамции, истакнува Јаневски за МИА.

Според него, Кокино како светска атракција не заслужува таков третман и дека треба достојно да биде претставено пред посетителите.

-Зборуваме за опсерваторија признаена од НАСА и една од ретките чуда во светот. Мислам дека институциите под кои е Кокино треба да преземат повеќе мерки, да ги следат позитивните практики од други вакви или слични локалитети во регионот. Треба да овозможиме достојно претставување на нашите атракции, потенцира Јаневски.


Слично

Поврзани вести