Јаневски до струмичани: Бидете среќни и спокојни, ќе има слобода и живот за сите
Бидете среќни и спокојни, во Струмица ќе има слобода и живот за сите, изјави вечерва новиот струмички градоначалник, Коста Јаневски од СДСМ.
„Оваа победа е за нас да имаме што подобар живот, подобар за сите“ - рече тој.
Тој им се заблагодари на своите сограѓани кои во голем број излегле на денешните локални избори и го дале гласот за него. Победата на СДСМ во Струмица се слави пред зградата на Општина Струмица и по градските улици.
Јаневски рече дека победата е обврска за да работат за граѓаните.
Според досега обработените податоци, Јаневски има 9.712 гласови, а неговиот противник Марјан Бајрактаров од ВМРО-ДПМНЕ има 6.391 глас.
Слично
