ЈАНЕВСКА СО ДЕЖУРНИ НАСТАВНИЦИ ЌЕ ГО РЕШАВА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО: Од денес нема повеќе дежурни ученици
Министерството за образование и наука испратило допис до сите училишта и општини со кој се воведува обврска за повторно враќање на праксата на дежурни наставници за време на големите и малите одмори, наместо досегашната практика со дежурни ученици.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, информира дека мерката има за цел да придонесе за поголема безбедност во училиштата и да спречи инциденти и несоодветно однесување меѓу учениците.
- -Наместо ученици, отсега во училишните ходници и дворови ќе дежураат наставници – информира Јаневска.
Таа оцени дека оваа мерка ќе помогне во намалување на ризиците од врсничко насилство, но нагласи дека институционалниот пристап сам по себе не е доволен.
- -За поефикасно справување со врсничкото насилство неопходна е поддршка од сите општествени чинители, а најважно е семејството, родителите и старателите – посочи министерката.
Од МОН очекуваат училиштата да ја применат новата обврска во најкус можен рок, со цел подобрување на дисциплината и безбедноста на учениците.
