Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНЕВСКА: Покачување на платите на наставниците ќе има кога државата ќе може

ЈАНЕВСКА: Покачување на платите на наставниците ќе има кога државата ќе може

Според министерката за образование, Весна Јаневска, покачување на платите на наставниците ќе има кога државата ќе може. 

„Ако некој сака наставниците да имаат подобар стандард тоа сме јас како министер и нашата Влада. Меѓутоа, јас не сакам да им се зголеми платата 3 отсто, јас сакам да им се зголеми за 30 отсто уште утре кога тоа би било можно“, изјави денеска министерката.

Според неа, буџетот на МОН кој го наследиле, бил потрошен за шест месеци наместо за една година и министерката се соочила со огромна буџетска дупка со необезбедени плати за наставниците и професорите, необезбедени учебници и неисплатени обврски кон студенти и ученици. 

Слично

Поврзани вести