Јаневска: Не треба факултет за возачка, доволно е само основно образование
Mинистерката за образование Весна Јаневска денеска изјави дека за полагање за возачка дозвола доволно е минимално, основно образование.
Претходно, Ромите протестираа во повеќе градови и бараа да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи биле неписмени. Јаневска вели дека државата им обезбедува можности кои што тие треба да ги искористат. Министерката нагласи дека се посветува сериозно внимание на образованието на Ромите со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години, или сигурно до 25, тие преку Центарот за образование на возрасните добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некакво образование соодветно на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“, вели Јаневска.
Таа додаде дека МОН ангажира и плаќа 40-ина ромски медијатори за вклучувањето на ромските деца во училиштата, бидејќи, како што рече, се случува тие да бидат запишани, но да не доаѓаат на училише и да ја напуштаат наставата.
Граѓани од ромска националност изминатите денови го блокираа патот Битола-Ресен на излезот од Битола, а блокади имаше и во Кочани затоа што полицијата на дел од Ромите им ги одзела возилата.
фото Фејсбук
