ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јаневска: Голем дел на училишта ќе бидат оптимизирани, градоначалниците нека ги направат старски дом или нешто друго

Јаневска: Голем дел на училишта ќе бидат оптимизирани, градоначалниците нека ги направат старски дом или нешто друго

Се оптимизират училишта, нема потреба толку училишта да постојат, вели министерката за образование, Весна Јаневска во интервју за Радио Слободна Европа. Таа додава дека веќе нема да има околу 1100 училишта. Но, не ја знае точната бројка, колку училишта ќе бидат затворени со оптимизацијата.

„Рековте 1100 училишта, од кои веројатно голем дел ќе бидат оптимизирани, затоа што реално нема потреба да постојат. Па не се 1100... Не можам да ви кажам точна бројка, затоа што и тоа не е многу едноставно. Ако подрачно училиште е 30 километри оддалечено од централното, тоа нема да се затвори макар и едно дете да има таму, нели? Тоа е логиката. Тоа едно дете има право на образование. Но, ако е на 2,5 или на 3 километри, секако, а таму учат 15 деца секако тие ќе се приближат во централното. Ова е сериозен процес. 20 општини се оптимизирани веќе, а во овој момент се работи уште“, рече Јаневска.

Им порача на градоначалниците испразнетите згради да ги пренаменат и дека од МОН нема да имаат проблем за тоа.

„Одреден број училишта се затворени. Не ме сфаќајте за збор, мислам дека околу стотина училишта подрачни веќе се затворени. Некои без да го почнеме ние процесот затоа што таму нема веќе деца. Стојат така зградите. Им препорачувам на градоначалниците да им најдат нова употреба, од нас нема да имаат никаков проблем. Оти не е ни за градинка, нема деца, но можат нешто друго… не знам, можеби старски дом, можеби некаков клуб и така натаму“, рече Јаневска.

ad
Слично

Поврзани вести