Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јаневска: Едносменската настава е врзана со оптимизацијата на училиштата, тоа е почнато и добро се одвива

Јаневска: Едносменската настава е врзана со оптимизацијата на училиштата, тоа е почнато и добро се одвива

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека во 150 училишта во кои има едносменска работа немало никакви или големи градежни активности, но и дека оптимизацијата на училиштата е врзана со едносменската настава.

„Едносменска настава е врзана со процесот со оптимизација кој е почнат, добро се одвива и понатаму ќе се одвива. Верувам дека најголемиот дел ќе успееме да го завршиме во еден мандат, но верувам дека и тие што ќе дојдат после нас ќе го продолжат, заота што тоа е исклучително важно за образованието и во корист на учениците“, рече Јаневска.

Во 150 учичишта има едносменска работа, во пет почнуваме, во Ѓорче и Карпош, а потоа продолжуваме во други. Очекувам оваа година да започнеме работи во 25 училишта кои ќе бидат подолготрајни и ќе преминат и во другата година.

Слично

Поврзани вести