Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНЕВСКА БАРА ПОВЕЌЕ ПОЧИТ КОН НАСТАВНИЦИТЕ ОД РОДИТЕЛИТЕ: Тие биле клучни за воспитување и безбедност

ЈАНЕВСКА БАРА ПОВЕЌЕ ПОЧИТ КОН НАСТАВНИЦИТЕ ОД РОДИТЕЛИТЕ: Тие биле клучни за воспитување и безбедност

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека иако досега е направено многу за подобрување на безбедноста во училиштата, потребни се уште сериозни чекори. Таа најави дека дежурствата на наставниците во ходниците и училишните дворови ќе станат задолжителни.

- Подготвивме неколку прирачници и упатства, кои се дистрибуирани до самите училишта и до општините. Вчера веќе најавив дека ќе бидат задолжителни дежурствата на наставниците во училиштата како во ходниците така и во училишниот двор. Факт е дека тоа во некои училишта постои, но во голем број училишта сè уште не постои - рече министерката одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен-темелник на доградба на ОУ „Гоце Делчев“ во Аеродром.

Јаневска посочи дека во минатото наставниците ја вршеле оваа улога и тоа придонесувало за подобро воспитување на учениците за разлика од сегашната практика на ангажирање обезбедување, кое чини милиони денари. Воедно, нагласи дека улогата на наставниците мора да се зајакне.

- Во минатото наставниците го правеа тоа и имаше подобро воспитување на децата отколку да ги трошиме парите на некој што не е вклучен во образовниот процес. Оние што се вклучени во образовниот процес - наставниците, стручната служба, но секако и родителите - треба да помогнат во воспитувањето на децата. А добро воспитани деца, всушност, обезбедуваат и добри, безбедни училишта. Ја зајакнуваме улогата на наставникот на секој можен начин бидејќи тие се клучни - како во образованието така и во воспитувањето. Но апелирам и до родителите: малку повеќе внимание и прифаќање на сугестиите од наставниците - рече Јаневска.

Напомена родителите да покажат повеќе внимание и почит кон нивните сугестии.  

- Некои од родителите, свесно или несвесно, не ги прифаќаат сугестиите на наставниците. Се докажува дека тоа е погрешно - малку повеќе почит кон наставниците и полека ќе се средат работите - посочи таа. 


Слично

Поврзани вести