Јанева за Мицкоски: Законот за СЈО треба да биде донесен и тој да го поддржи како услов за влез во НАТО и ЕУ
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева вечерва во интервју на телевизија 1ТВ изјави дека таа еднаш се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и тоа на негово барање.
„Откако се формира, СЈО работи врз основа на позитивните законски прописи. Не работи по ничија нарачка и тоа го докажавме. Јас апелирам да пратениците да го препознаат моментот за донесување на таков закон кој е услов за влез во ЕУ и НАТО. Сме имале една средба со Мицкоски на негово барање. Јас само му кажав дека мора да го има предвид моментот дека Законот за СЈО треба да биде донесен и тој да го поддржи како услов за влез во НАТО и ЕУ. Разговорот беше коректен“, вели Јанева.
Мицкоски во повеќе наврати кажа дека таа не ја оправдала довербата на граѓаните.
Слично
