Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈАНЕВА ЗА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОВСКИ: Се надеваме дека ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе почне

ЈАНЕВА ЗА ГРУЈЕВСКИ И БОШКОВСКИ: Се надеваме дека ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе почне

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, се надева дека екстрадициската постапка за обвинетите Горан Грујeвски и Никола Бошковски ќе заврши побргу и дека судењето ќе почне наскоро.

„Информирани сме од МВР дека двете обвинети лица се приведени во Солун. Други информации немаме, а и во понатамошниот дел од постапката ние немаме никаква надлежност. Се надеваме дека екстрадициската постапка ќе заврши што побргу, дека од грчки притвор ќе бидат префрлени во Македонија и дека судењето ќе почне наскоро“ – изјави Јанева за „Дојче веле“.

Бошковски и Грујевски вчера на аеродром во Солун се уапсени од грчката полиција, кога со фалсификувани бугарски пасоши се обиделе да заминат од Грција. 

Слично

Поврзани вести