Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева: СЈО има отворено предистражни постапки и за функционери од сегашната власт

Јанева: СЈО има отворено предистражни постапки и за функционери од сегашната власт

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева синоќа на телевизија Телма изјави дека СЈО веќе има отворено предистражни постапки и за функционери од сегашната власт.

Рече дека за сторени кривични дела ќе бидат гонети луѓе од различни политички партии. 

„Во моментов имаме околу 100 предистражни постапки. Некои од нив и ќе ги затвориме, дека за некои и нема докази. Доколку кога ќе дојде време предистражните и истражните постапки да се преточат во обвиненија, а сѐ уште не е решен статусот на СЈО, тогаш овие предмети ќе ги доставиме до нашите колеги од Основното јавно обвинителство“ - вели Јанева.

Таа кажа дека со текот на времето сите шпекулации за нивната работа и поврзаност со одредени политички структури ќе падне во вода, затоа што тие работат професионално. Јанева рече дека е горда на својата работа. 

Слично

Поврзани вести