Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева сепак ќе се појави во Собранието

Јанева сепак ќе се појави во Собранието

Здравствената состојба на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева е добра и таа ќе присуствува на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, објави Макфакс. 

Синоќа на Јанева и се слоши и таа ја напушти седницата. Подоцна од СЈО  испратија соопштение во кое Јанева им се извинува на пратениците што не одговорила на нивните прашања. Во соопштението беше наведено дека нејзината здравствената состојба е под лекарски надзор.

Денешната расправа на Комисијата е закажана за 13 часот. Јанева два дена по ред одговара на прашањата на пратениците.  Обвинителката го презентира извештајот за работа на СЈО за период од 6 месеци. Ова е втор извештај на СЈО, а првиот таа одби да го образложува во Собранието бидејќи за тоа нема обврска. 


Слично

Поврзани вести