Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева се извинува на пратениците - во меѓувреме побарала лекарска помош

Јанева се извинува на пратениците - во меѓувреме побарала лекарска помош

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева преку соопштение објавено на веб страната на СЈО се извинува што мораше попладнево да го напушти Собранието, откако ѝ се слоши. 

„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници  што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“ – вели специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева откако поради влошена здравствена состојба мораше порано да ја напушти седницата на Комисијата.

Во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.

На комисијата за политички систем вчера и денеска Јанева го образложуваше извештајот за шестмесечната работа на СЈО, а воедно и одговараше на прашања. 

Имаше многу прашања и обвинувања упатени на нејзина адреса и на адреса на СЈО. 



Слично

Поврзани вести