Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева: СДСМ имаат разговори, но не се со криминално поведение

Јанева: СДСМ имаат разговори, но не се со криминално поведение

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во интервју за ТВ 24 вечерва изјави дека  и од СДСМ имаат прислушувани разговори, но не се со криминално поведение затоа што тие не биле функционери. 

Ова го даде како одговор на прашањето зошто се гонат само луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и како ги коментира обвинувањата дека е продолжена рака на СДСМ. 

Јанева рече дека и за функционерите за кои веќе се поведени истраги има многу приватни разговори. 

„Нема да дозволам мојот интегритет и на моите соработници да биде срушен со такви шпекулации. Ние сме сериозна институција“ - вели Јанева. 

Обвинителката рече дека направиле институција за респект во регионот, и ќе се борат против високата корупција. 

За случајот „Сопот“ рече дека се анализирани сите разговори, докази, сведоци, повикани се стручни лица и лицата кои биле во затвор не се виновни. 

Слично

Поврзани вести