Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева не знае дали ќе биде осомничена во „Рекет“

Јанева не знае дали ќе биде осомничена во „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева по скоро пет часа распит, излезе од Обвинителството и неколку минути одговори на неколку прашања на новинарите кои со часови ја чекаа пред ОЈО.

Јанева пред медиумите рече дека била во обвинителството во својтсво на сведок  и дека тоа што зела со себе правен консултант било нејзино право.

„Мора да бидете трпеливи, ќе се гледаме уште“, рече Јанева и додаде дека не знае дали ќе се прошири истрагата.

„Истрага е оваа, во истрага не се споделуваат информации“, рече обвинителката и додаде дека се уште се работи на случајот и очекува дека ќе има судење. 

Одговарајќи на новинарско прашање за нејзините телефони, таа рече дека и двата телефони и се одземени и се на анализа во обвинителството, форматираниот и подарен мобилен бил трет.

Јанева категорично рече дека не чувствува вина, а за тоа што барала спогодба за случаите „Империја“ и „поштенска банка“ имало време кога ќе се објасни


Слично

Поврзани вести