Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева ќе ја прошири истрагата за „Империја“?

Јанева ќе ја прошири истрагата за „Империја“?

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева доцна по полноќ стигна во судот и за медиумите изјави дека е задоволна од одлуката на судот за „Империја“. 

Јанева оценила како последната отворена истрага на СЈО  е работена врз основа на законските овластувања и надлежностите на обвинителството и најави наскоро и обвинение за случајот, пренесе Телма. 

„Набргу ќе соопштиме дека истрагата за овој случај ќе биде проширена со нови лица, но и со нови кривични дела“- изјави специјалната обвинителката.

5-мината оосомничени повеќе од 12 часа беа во судот на распит по барањето за определување на мерка притвор.

„Империја“ е кодното име на новата истрага која ја отвори Специјалното јавно обвинителство, и за која беше соопштено вчера. 

Лицата се товарат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. 

Слично

Поврзани вести