Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева: Ќе докажеме дека обвинетите во случајот „Попис“ го оштетиле буџетот

Јанева: Ќе докажеме дека обвинетите во случајот „Попис“ го оштетиле буџетот

Ако покренеме обвинение, ќе докажеме дека обвинетите во случајот „Попис“ го сториле кривичното дело со кое го оштетиле државниот буџет за околу три милиони евра, изјави вечерва во „24 анализа“ специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Јанева вели дека не се побарани мерки против Ахмети и Груевски. За секој обвинет, поединечно, ќе се пристапува во однос на мерките.

„Во оваа фаза сметам дека е доволно само да бидат под истрага“- вели обвинителката.

Првите снимки за „Попис“ се најдени кон крајот на 2016 година, а се заокружија, како што рече Јанева, во овој период.

„Со собирање на сите доказни материјали, денеска и официјално ја отворивме истрагата. Процедурата налага да се соберат сите докази, по што сме должни да ги дадеме на одбраната која во рок од 15 дена има право да побара да се истражи уште некој потребен дел и потоа се донесува јавно-обвинителска одлука“ - објасни Јанева.

Таа вели дека истражуваат и за случајот Никола Младенов, за земјиштето на Субрата Рој, за функционери, и уште се анализираат многу разговори. 

Слично

Поврзани вести