Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева ја нема - одложена комисиската расправа

Јанева ја нема - одложена комисиската расправа

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која се разгледува извештајот на СЈО денеска е одложена и  е презакажана за утре. 

Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев објасни дека седницата е одложена поради отсуство на  подносителот на извештајот на СЈО, обвинителкaта Катица Јанева.

Таа вчера ја напушти расправата и рече дека повеќе нема да се појавува, откако пратеничката Владанка Авировиќ поставуваше прашања во говор од речиси два часа. Јанева. Обвинителката  рече дека тоа е класичен мобинг.

Освен за извештајот на Катица Јанева, на дневен ред на Комисијата е и извештајот на државниот обвинител Марко Зврлевски. 


Слично

Поврзани вести