Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева: Истражителот на СЈО е избркан од МВР

Јанева: Истражителот на СЈО е избркан од МВР

Истражителот на СЈО кој дежура во УБК до доаѓањето на експертот , вечерва е избркан оттаму, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Топ тема на Телма.

„Го избркале истражителот од МВР, моментално нема обвинител таму. Уште е во дворот на МВР. Ќе одам да видам која е ситуацијата и што е тоа со неговото  бркање. Ние сме должни да бидеме таму“ – вели Јанева.

Јанева објасни дека два дена откако влегоа во УБК, имаа острукции за да ги одземат доказите кои им се потребни . Дел од материјалот денеска е е земен, а за остатокот се чекаат експерти кои можат да влезат во компјутерските системи. 


Слично

Поврзани вести