Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева и врати на Стефанова: Гомнарка и ороспијо!

Јанева и врати на Стефанова: Гомнарка и ороспијо!

Драматичен крај на денешното судење за случајот „Рекет“ на кое сведочеше поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителство Лиле Стефанова. По деталите кои ги изнесе Стефанова за тоа како Јанева влијаела за осомничените во случаите кои ги водеше СЈО, поранешната специјална јавна обвинителка Јанева почнала да дофрла по што реагирала судиката Васка Николовска Масевска. 

На одење Јанева рекла „Гомнарке и ороспијо една“.

„Надвор изнесете ја обвинетата од судница“, наредила судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата, јавуваат медиумите.

Кога заминувала Јанева им се обратила на новинарите и им рекла - „Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам“.


Слично

Поврзани вести