Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева и нејзиниот тим земале огромни суми како бонуси

Јанева и нејзиниот тим земале огромни суми како бонуси

Oгромни суми како бонуси земала екс јавната обвинителката, Катица Јанева и обвинителите. 

Илјадници евра примила Јанева и нејзиниот тим по основ на додатоци. Таа во својот мандат добила дополнителни 157.000 евра. Само за 2019 година земала  28.455 евра. 7 месеци си доделувала по 250.000 денари како додаток за доверливост, да не ги открива разговорите од „бомбите“. Базата „Отворени финансии“ покажува дека дел од бонусите, 400 евра биле за кирија,  а по 42 евра  надоместок за работењето надвор од градот.  

Додатоците почнале да се доделуваат од 2015 година. Почнале со 70 000 денари и се зголемувале секоја година.

Обвинителите само во 2019 година земале по дополнителни 17.000 евра. 

Слично

Поврзани вести