Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева и натаму под тешки критики за ослободувањето од притвор на Верушевски

Јанева и натаму под тешки критики за ослободувањето од притвор на Верушевски

Верушевски е како лозинка која провладините медиуми обожуваат да ја користат и понатаму и забележуваат на специјалната јавна обвинителка што дозволи осомничениот во „Пуч“ да биде пуштен од притвор. Таа вчера во Топ Тема објасни дека одлуката за прекинување на и онака долгиот притвор ја донел судот, а СЈО се согласило со мислењето, односно не биле против и не побарала продолжување на оваа најстрога мерка на претпазливост.


Катица Јанева посочи и дека нема да бара притвор по секоја мерка, за секој осомничен и за секој случај, бидејќи зависи од самите околности. Тоа и се докажа досега бидејќи Катица Јанева и СЈО во последните два предмета „Топлик“ и „Тендери“ предложија мерка на претпазливост со одземање на пасош, а не е и притвор. 

Единствен одобрен притвор на СЈО беше со битолскиот градоначалник Талески, додека пак екс началникот Грујески по 5 дена притвор и преиначување на мерка домашен притвор беше дел од аболизираните функционери и потоа судот одби да му ја изрече истата мерка. 

Правните експерти и практичари со години, а особено сега тврдат дека судот во 90% од барањата на ОЈО одобрил притвор без колебање, а сега кога СЈО бара притвор дури 90% од барањата се одбиени.


Слично

Поврзани вести