Економија, финансии, бизнис

Контакт

Јанева дошла на работа, ама не знае кога ќе ја викнат на распит

Јанева дошла на работа, ама не знае кога ќе ја викнат на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е вратена од годишен одмор и од денеска е официјално на работа, но засега не е повикана да даде исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“, пренесе МИА.

Од СЈО потврдиле дека Јанева денеска се јавила редовно на работа, по завршување на годишниот одмор и дека се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство да се јави на распит.

Во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“ беа споменати СЈО, Катица Јанева и обвинителката од СЈО Лиле Стефанова.

Слично

Поврзани вести