Јанева: СЈО за сите отворени предмети има и материјални докази и сведоци
Специјалната обвинителка, Катица Јанева која денеска реферира за шестмесечното работење на СЈО пред пратениците во Комисијата за политички систем изјави дека прислушуваните разговори кои се предмет на истрага на СЈО се само индиција врз основа на која е отворена преистражна постапка, а дека СЈО за сите отворени предмети има и материјални докази и сведоци.

Јанева ја пофали, плодната соработка со Основното јавно обвинителството и со обвинителството за организиран криминал како и со многу други институции од земјава, но и меѓународни инситуиции со кои СЈО имале, како што рече Катица Јанева, проширено предметно постапување.
Таа изрази уверување дека ќе се преземат мерки за да се дефинира правната положба на СЈО, за да може до крај да ја исполни мисијата која му е доверена.
Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ го обвини СЈО дека ги прекршува законските норми затоа што и по истекот на 18 месеци ова обвинителство отвора предистражни постапки и најавува обвиненија.
Вели дека станува збор за флагрантно кршење на законот и дека на тој начин СЈО не им дава никаква правна сигурност на граѓаните.
Инаку, Јанева говореше пред мал борј присутни пратеници.
